Повик за учесници на младински кампови во Извиднички центар Охрид

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Уницеф.

Проектните активности се одвиваат во период од јануари 2017 до декември 2017 година.

Цели на проектот:

  • Да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници
  • Да се вклучат млади лица со попреченост во активности од неформалното образование
  • Да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без
  • Да се истражи креативноста и различните култури преку социјална инклузија
  • Да се зголеми свесноста за правата на децеата со попреченост преку презентирање на резултатите од програмите во различни градови во Македонија
  • Да се осврне поглед кон капацитетите на лицата со попреченост и што се тие можат да постигнат.

Во периодот од февруари до мај 2017 се организираа 10 младински програми низ различни градови во Македонија. Понатаму продолжуваме со активностите кои сочинуваат 3 младински кампови кои ќе се реализираат во Извидничкиот центар Охрид.

Што: Младински кампови во ИЦО Охрид

Кога:

  • 1 камп-6ти до 9ти јули 2017 рок за аплицирање 18.06.2017
  • 2 камп 27ми до 30ти јули 2017 рок за аплицирање 25.06.2017
  • 3 камп 3ти до 6ти август рок за аплицирање 2017 02.07.2017

За кого: Вкупно 33 лица со попреченост и без на возраст од 10 до 18 години

Каде: Извиднички центар Охрид

Програмата е составена од активности во природа и едукативни и креативни работилници на различни теми.

Доколку сте заинтересирани и сакате да учествувате на младинските кампови аплицирајте на следниот линк најдоцна до 18.06.2017 за првиот камп, 25.06.2017 за вториот камп и 02.07.2017 за третиот камп.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *