Повик за младински работници кои ќе работат на младински кампови

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Уницеф.

Проектните активности се одвиваат во период од јануари 2017 до декември 2017 година.

Цели на проектот:

  • Да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници
  • Да се вклучат млади лица со попреченост во активности од неформалното образование
  • Да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без
  • Да се истражи креативноста и различните култури преку социјална инклузија
  • Да се зголеми свесноста за правата на децеата со попреченост преку презентирање на резултатите од програмите во различни градови во Македонија
  • Да се осврне поглед кон капацитетите на лицата со попреченост и што се тие можат да постигнат.

Во периодот од февруари до мај 2017 се организираа 10 младински програми низ различни градови во Македонија. Понатаму продолжуваме со активностите кои сочинуваат 3 младински кампови кои ќе се реализираат во Извидничкиот центар Охрид. Околу камповите:

Што: Младински кампови во ИЦО Охрид

Кога:

  • 1 камп-6ти до 9ти јули 2017
  • 2 камп 27ми до 30ти јули 2017
  • 3 камп 3ти до 6ти август 2017

За кого: Вкупно 33 лица со попреченост и без на возраст од 10 до 18 години

Каде: Извиднички центар Охрид

Програмата е составена од активности во природа и едукативни и креативни работилници на различни теми.

За таа цел, отвараме повик за младински работници кои ќе се приклучат на програмскиот тим и ќе ја реализираат програмата на кампот.

Задачите на младинските работници се следни:

  • Да бидат присутни на кампот за кој се одбрани (датите се дадени погоре) во Извидничкиот центар Охрид ИЦО;
  • Да подготват програма за работа и заедно со програмскиот тим да ја спроведат програмата на кампот;
  • Да спроведуваат работилници и активности на кампот;
  • Да го следат развојот и потребите на младите луѓе во текот на времетраење на кампот;
  • Да учествуваат на подготвителните состаноци во Скопје;
  • Да им помогнат на учесниците со попреченост и без за да се обезбеди активно учество.

 

За сето горе наведено, младинските работници добиваат:

  • Поддршка при подготовка на програмите и целиот процес на активностите на кампот;
  • техничка и логистичка поддршка;
  • надомест од вкупно 5700 мкд за 1 камп и
  • можност за понатамошно ангажирање во наредните активности на проектот, Крик и Сојуз на извидници на Македонија.

 

Профил на младински работници кои ни е потребен:

  • Младински работници кои имаат дизајнирано и спроведувано програми за личен и социјален развој на млади лица минимум 1 година односно минимум 20 работилници/настани;
  • Младински работници кои имаат знаење и вештини за работа со млади на нивниот личен и социјален развој;
  • Младински работници кои знаат да ги идентификуваат потребите на младите;
  • Младински работници кои работат во мешани групи на лица со попреченост и без имаат предност при селекција;
  • Познавање на Македонски јазик, додека познавањето на Албанскиот јазик се смета за предност;
  • Возраст од најмалку 18 години.

 

Младинските работници ќе се приклучат на програмскиот тим кој е составен од 6 луѓе искусни во работа со лица со попреченост и без и тоа: 1 дефектолог, 1 психолог, 2 младински работници од Крик и 2ца извидници.

Дополнително 33те учесници се поделени во помали групи од 5 луѓе каде се 2 лица со попреченост, 2 лица без и 1 лидер на група.

 

Доколку сте заинтересирани и сакате да се приклучите на програмскиот тим кој ќе работи на кампот аплицирајте на следниот линк најдоцна до 18.06.2017.

Дополнително испратете ни кратка биографија на infokrikcenter@gmail.com

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *