Повик за лидери на група кои ќе бидат дел од младински кампови

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Уницеф.

Проектните активности се одвиваат во период од јануари 2017 до декември 2017 година.

Цели на проектот:

  • Да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници
  • Да се вклучат млади лица со попреченост во активности од неформалното образование
  • Да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без
  • Да се истражи креативноста и различните култури преку социјална инклузија
  • Да се зголеми свесноста за правата на децеата со попреченост преку презентирање на резултатите од програмите во различни градови во Македонија
  • Да се осврне поглед кон капацитетите на лицата со попреченост и што се тие можат да постигнат.

Во периодот од февруари до мај 2017 се организираа 10 младински програми низ различни градови во Македонија. Понатаму продолжуваме со активностите кои сочинуваат 3 младински кампови кои ќе се реализираат во Извидничкиот центар Охрид. Околу камповите:

Што: Младински кампови во ИЦО Охрид

Кога:

  • 1 камп-6ти до 9ти јули 2017 рок за аплицирање 18.06.2017
  • 2 камп 27ми до 30ти јули 2017 рок за аплицирање 25.06.2017
  • 3 камп 3ти до 6ти август рок за аплицирање 2017 02.07.2017

За кого: Вкупно 33 лица со попреченост и без на возраст од 10 до 18 години

Каде: Извиднички центар Охрид

Програмата е составена од активности во природа и едукативни и креативни работилници на различни теми.

За таа цел, отвараме повик за лидери на група кои ќе бидат дел од учесниците на камповите.

Групите на лидерите се составени од 2 лица со попреченост и 2 лица без.

Задачите на лидерите се следни:

  • Да учествуваат на подготвителните состаноци организирани од Крик
  • Да бидат присутни на кампот за кој се одбрани (датите се дадени погоре) во Извидничкиот центар Охрид ИЦО;
  • Да се грижат за групата и нејзиното активно учество;
  • Да ги информираат учесниците на групата за работи поврзани со кампот и активностите;
  • Да се грижат за пристигнувањето на време на групата на активностите кои се реализираат;
  • Да организираат евалуациски состаноци со групата како би го затвориле денот;
  • Да имаат состанок секој ден по завршување на активностите и да се во комуникација и координација со програмскиот тим.

Профил на младински лидери кои ни е потребен:

  • Младински лидери кои имаат учествувано на едукативни активности за млади од областа на неформално образование;
  • Младински лидери кои досега имаат водено групи на младински размени или слични активности;
  • Младински лидери кои имаат спроведено активности за млади;
  • Младински лидери кои работеле во мешани групи на лица со попреченост и без имаат предност при селекција;
  • Познавање на Македонски јазик, додека познавањето на Албанскиот јазик се смета за предност;
  • Возраст од најмалку 16 години.

 

Младинските лидери ќе бидат во постојана комуникација и координација со програмскиот тим кој е составен од 6 луѓе искусни во работа со лица со попреченост и без и тоа: 1 дефектолог, 1 психолог, 2 младински работници од Крик и 2ца извидници.

 

Доколку сте заинтересирани и сакате да се приклучите на програмскиот тим кој ќе работи на кампот аплицирајте на  следниот линк најдоцна до

  • 1 камп-6ти до 9ти јули 2017 рок за аплицирање 18.06.2017
  • 2 камп 27ми до 30ти јули 2017 рок за аплицирање 25.06.2017
  • 3 камп 3ти до 6ти август рок за аплицирање 2017 02.07.2017

 

 

One thought on “Повик за лидери на група кои ќе бидат дел од младински кампови

  1. Се надевам на успешна реализација на овој проект.
    Истотака се надевам добра соработка од моја страна.
    Јас лично ќе се залагам за добра атмосвера додека се работи во самиот тим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *