Повик за двајца учесници на дисеминациски настан од проектот ERASMUS4VIP, 28 до 30 јули, 2017, Арад, Романија

ЦМА КРИК објавува повик за двајца учесници

Кога: од 28 до 30 јули

Каде: Арад, Романија

Повеќе за проектот:

Програма: Ерасмус +, КА2 Стратешко партерство во областа на млади

Тема: подобрување на секојдневието на лицата со оштетен вид

Досегашни активности кои се спроведени се: компендиум, методологија за работа и веб страна за лица со оштетен вид,

Партнери: Offensiva Tinerilor Romania (координатор), NART Bulgaria, Magnitas Tiffli Greece, Pancyprian Association of Blind Cyprus, Center for youth activism – CYA KRIK

Повикот е отворен до: 28 јуни

Начин на аплицирање: пополнете ја апликациската форма.

За дополнителни прашања контактирајте не на: kriksending@gmail.com

Повик за вработување во Цма Крик-асистент за дизаjнирање и спроведување младински програми

Име: Центар за младински активизам Цма Крик
Адреса: Караџица 6
Тел: ++389 78 370 987
Email: infokrikcenter@gmail.com
Веб: www.krik.org.mk fb page: CYA KRIK
Лице за контакт: Mила Карадафова
email: Karadafova@hotmail.com
Краен рок 25.06.2017 // Работниот ангажман започнува од 01.07.2017

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме 1 нова работна позиција-асистенст за дизаjнирање и спроведување младински програми.

Основни информации:

Асистент за дизајнирање и спроведување младински програми ангажиран на пола работно време 20 часа неделно.

Работни обврски:

  • Да развие, дизајнира и подготви целосна програма и работна методологија наменета за млади лица со типичен развој и млади лица со попреченост;
  • Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади;
  • Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
  • Да детектира и да пристапи до различни целни групи и да ги препознае нивните потреби и предложи програми за нивен развој;
  • Дава поддршка во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
  • Дава поддршка и експертиза во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
  • Спроведува активности од младинска работа и комуницира со останати партнери (организации) од младинскиот сектор;
  • Работи на развивање на едукативни програми за млади лица со попреченост и без во младинскиот центар Крикни
  • По потреба, помага во комуникација со донатори (народни и меѓународни).

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома или релевантно искуство;
  • Компетенции за успешно и професионално спроведување на младински програми;
  • Да биде способен/а да претстави, објасни и да го фацилитира процесот на учење кај индивидуалци и групи;
  • Флексибилност при одговарање на менување на потребите на учесниците и извршната канцеларија;
  • Способност да придонесува и работи во тим;
  • Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
  • Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
  • Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
  • Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
  • Да има познавање во работа со донатори (народни и меѓународни);
  • Претходна работа во младински центар или обуки на таа тема како и познавање на работата на младинските центри во Европа се смета за предност;
  • Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик. Познавање на албанскиот јазик се смета за предност.

Работен ангажман: од понеделник до петок по 4 часа. Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).

Работен простор: младински центар на Цма Крик кој се наоѓа во Пржино.

Број на асистенти: 1.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com. 

Краен рок за аплицирање: 25.06.2017

Работниот ангажман започнува на: 01.07.2017

Тест период: 01-20.07.2017

Ангажманот се склучува со времетраење од 3 месеци и можности за продолжување. По истекување на 3те месеци, договорот се продолжува за полно работно време во период од 1 година.

 

Повик за вработување во Цма Крик за програмски асистент за социјална инклузија

 

Име: Центар за младински активизам Цма Крик
Адреса: Караџица 6
Тел: ++389 78 370 987
Email: infokrikcenter@gmail.com
Веб: www.krik.org.mk fb page: CYA KRIK
Лице за контакт: Mила Карадафова
email: Karadafova@hotmail.com
Краен рок 25.06.2017 // Работниот ангажман започнува од 01.07.2017

 

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

 

Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

 

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме 1 нова работна позиција: програмски асистент за социјална инклузија. 

Основни информации:

Позиција: Програмски асистент на пола работно време 20 часа неделно.

 Работни обврски:

  • Да работи заедно со координаторот за социјална инклузија;
  • Да обезбеди техничка и логистичка поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат;
  • Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади;
  • Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
  • Да детектира и да пристапи до различни програми за да обезбеди едукативни можности за личен и социјален развој на млади лица со попреченост и без;
  • Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
  • Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
  • Заедно со програмскиот координатор создава нови програми во зависност од потребите на целната група;
  • Работи како ментор на ЕВС волонтери и го помага нивниот развој за понуда на активности за лица со попреченост и без;
  • Дава поддршка на младинските работници кои спроведуваат програми за работа со лица со попреченост и без;
  • Комуницира со донатори (народни и меѓународни).

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома или релевантно искуство;
  • Компетенции за фацилитација на настани и активности за млади лица со попреченост и без;
  • Да биде способен/а програмски и логистички да организира настани и активности;
  • Да има познавање од едукативните настани од програмата Ерасмус + и програмското и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери;
  • Флексибилност при одговарање на менување на потребите на учесниците и извршната канцеларија;
  • Способност да придонесува и работи во тим;
  • Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
  • Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
  • Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
  • Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
  • Да има искуство во координирање/поддршка на група на едукатори/младински работници при спроведување на програми
  • Да го разбира Европскиот волонтерски сервис ***работа со ЕВС волонтери и ЕВС искуство се смета за предност;
  • Да има познавање од работа во мешани групи со лица со попреченост и без;
  • Да има познавање во работа со донатори (народни и меѓународни);
  • Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик. Познавање на албанскиот јазик се смета за предност;
  • Познавање на работата на институциите кои работат со лица со попреченост во Македонија како и претходна соработка ќе се смета за предност.

Работен ангажман: од понеделник до петок по 4  часа. Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).

Работен простор: извршна канцеларија на Цма Крик кој се наоѓа во Пржино.

Број на асистенти: 1.

Краен рок за аплицирање: 25.06.2017

Работниот ангажман започнува на: 01.07.2017

Тест период: 01-20.07.2017

Ангажманот се склучува со времетраење од 3 месеци и можности за продолжување. По истекување на 3те месеци, договорот се продолжува за полно работно време во период од 1 година.

Доколку сте заинтересирани да аплицирате испратете кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com

Повик на учесници за работилница на тема ’’Медиумска писменост’’

ЦМА КРИК објавува повик на учесници за работилница на тема ’’Медиумска писменост’’

 

Кога: Работилницата ќе се реализираа во понеделник, 19 јуни 2017 година, 18:00 – 20:00 ч.
Каде: Младински центар КРИКНИ, Скопје
Ул. Караџица бр. 6, Пржино, https://goo.gl/maps/2HzoMvMFt652

 

Повеќе за оваа работилница:

Целите на работилницата се да се подигне свеста кај младите за медиумската писменост, да се упатат како да ги препознаваат пропагандите преку медиумите и како да ги препознаваат говорот на омраза, сексизмот, национализмот и навредите во квази-новинарските текстови. Исто така една од целите е и да се посочи позитивен пример за како да изгледа солиден новинарски текст.

Теми на работилницата

  • Преку конкретни примери, на работилницата ќе се работи на подигањето на свеста за стереотипите и предрасудите како корен на секој говор на омраза, па и одредена пропаганда против нешто или некого.
  • Практична работа: Пишување новинарски текст.

Профил на учесници: Млади од 18 години до 29 години.

Начин на аплицирање: Доколку сакате да учествувате на оваа работилница пополнете ја оваа апликациска форма.

Рок за аплицирање: 18 јуни 2017 година

Контакт за дополнителни прашања: kriksending@gmail.com

 

Повик за учесници на младински кампови во Извиднички центар Охрид

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Уницеф.

Проектните активности се одвиваат во период од јануари 2017 до декември 2017 година.

Цели на проектот:

  • Да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници
  • Да се вклучат млади лица со попреченост во активности од неформалното образование
  • Да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без
  • Да се истражи креативноста и различните култури преку социјална инклузија
  • Да се зголеми свесноста за правата на децеата со попреченост преку презентирање на резултатите од програмите во различни градови во Македонија
  • Да се осврне поглед кон капацитетите на лицата со попреченост и што се тие можат да постигнат.

Во периодот од февруари до мај 2017 се организираа 10 младински програми низ различни градови во Македонија. Понатаму продолжуваме со активностите кои сочинуваат 3 младински кампови кои ќе се реализираат во Извидничкиот центар Охрид.

Што: Младински кампови во ИЦО Охрид

Кога:

  • 1 камп-6ти до 9ти јули 2017 рок за аплицирање 18.06.2017
  • 2 камп 27ми до 30ти јули 2017 рок за аплицирање 25.06.2017
  • 3 камп 3ти до 6ти август рок за аплицирање 2017 02.07.2017

За кого: Вкупно 33 лица со попреченост и без на возраст од 10 до 18 години

Каде: Извиднички центар Охрид

Програмата е составена од активности во природа и едукативни и креативни работилници на различни теми.

Доколку сте заинтересирани и сакате да учествувате на младинските кампови аплицирајте на следниот линк најдоцна до 18.06.2017 за првиот камп, 25.06.2017 за вториот камп и 02.07.2017 за третиот камп.

 

 

 

Повик за младински работници кои ќе работат на младински кампови

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Уницеф.

Проектните активности се одвиваат во период од јануари 2017 до декември 2017 година.

Цели на проектот:

  • Да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници
  • Да се вклучат млади лица со попреченост во активности од неформалното образование
  • Да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без
  • Да се истражи креативноста и различните култури преку социјална инклузија
  • Да се зголеми свесноста за правата на децеата со попреченост преку презентирање на резултатите од програмите во различни градови во Македонија
  • Да се осврне поглед кон капацитетите на лицата со попреченост и што се тие можат да постигнат.

Во периодот од февруари до мај 2017 се организираа 10 младински програми низ различни градови во Македонија. Понатаму продолжуваме со активностите кои сочинуваат 3 младински кампови кои ќе се реализираат во Извидничкиот центар Охрид. Околу камповите:

Што: Младински кампови во ИЦО Охрид

Кога:

  • 1 камп-6ти до 9ти јули 2017
  • 2 камп 27ми до 30ти јули 2017
  • 3 камп 3ти до 6ти август 2017

За кого: Вкупно 33 лица со попреченост и без на возраст од 10 до 18 години

Каде: Извиднички центар Охрид

Програмата е составена од активности во природа и едукативни и креативни работилници на различни теми.

За таа цел, отвараме повик за младински работници кои ќе се приклучат на програмскиот тим и ќе ја реализираат програмата на кампот.

Задачите на младинските работници се следни:

  • Да бидат присутни на кампот за кој се одбрани (датите се дадени погоре) во Извидничкиот центар Охрид ИЦО;
  • Да подготват програма за работа и заедно со програмскиот тим да ја спроведат програмата на кампот;
  • Да спроведуваат работилници и активности на кампот;
  • Да го следат развојот и потребите на младите луѓе во текот на времетраење на кампот;
  • Да учествуваат на подготвителните состаноци во Скопје;
  • Да им помогнат на учесниците со попреченост и без за да се обезбеди активно учество.

 

За сето горе наведено, младинските работници добиваат:

  • Поддршка при подготовка на програмите и целиот процес на активностите на кампот;
  • техничка и логистичка поддршка;
  • надомест од вкупно 5700 мкд за 1 камп и
  • можност за понатамошно ангажирање во наредните активности на проектот, Крик и Сојуз на извидници на Македонија.

 

Профил на младински работници кои ни е потребен:

  • Младински работници кои имаат дизајнирано и спроведувано програми за личен и социјален развој на млади лица минимум 1 година односно минимум 20 работилници/настани;
  • Младински работници кои имаат знаење и вештини за работа со млади на нивниот личен и социјален развој;
  • Младински работници кои знаат да ги идентификуваат потребите на младите;
  • Младински работници кои работат во мешани групи на лица со попреченост и без имаат предност при селекција;
  • Познавање на Македонски јазик, додека познавањето на Албанскиот јазик се смета за предност;
  • Возраст од најмалку 18 години.

 

Младинските работници ќе се приклучат на програмскиот тим кој е составен од 6 луѓе искусни во работа со лица со попреченост и без и тоа: 1 дефектолог, 1 психолог, 2 младински работници од Крик и 2ца извидници.

Дополнително 33те учесници се поделени во помали групи од 5 луѓе каде се 2 лица со попреченост, 2 лица без и 1 лидер на група.

 

Доколку сте заинтересирани и сакате да се приклучите на програмскиот тим кој ќе работи на кампот аплицирајте на следниот линк најдоцна до 18.06.2017.

Дополнително испратете ни кратка биографија на infokrikcenter@gmail.com

 

Повик за лидери на група кои ќе бидат дел од младински кампови

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Уницеф.

Проектните активности се одвиваат во период од јануари 2017 до декември 2017 година.

Цели на проектот:

  • Да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници
  • Да се вклучат млади лица со попреченост во активности од неформалното образование
  • Да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без
  • Да се истражи креативноста и различните култури преку социјална инклузија
  • Да се зголеми свесноста за правата на децеата со попреченост преку презентирање на резултатите од програмите во различни градови во Македонија
  • Да се осврне поглед кон капацитетите на лицата со попреченост и што се тие можат да постигнат.

Во периодот од февруари до мај 2017 се организираа 10 младински програми низ различни градови во Македонија. Понатаму продолжуваме со активностите кои сочинуваат 3 младински кампови кои ќе се реализираат во Извидничкиот центар Охрид. Околу камповите:

Што: Младински кампови во ИЦО Охрид

Кога:

  • 1 камп-6ти до 9ти јули 2017 рок за аплицирање 18.06.2017
  • 2 камп 27ми до 30ти јули 2017 рок за аплицирање 25.06.2017
  • 3 камп 3ти до 6ти август рок за аплицирање 2017 02.07.2017

За кого: Вкупно 33 лица со попреченост и без на возраст од 10 до 18 години

Каде: Извиднички центар Охрид

Програмата е составена од активности во природа и едукативни и креативни работилници на различни теми.

За таа цел, отвараме повик за лидери на група кои ќе бидат дел од учесниците на камповите.

Групите на лидерите се составени од 2 лица со попреченост и 2 лица без.

Задачите на лидерите се следни:

  • Да учествуваат на подготвителните состаноци организирани од Крик
  • Да бидат присутни на кампот за кој се одбрани (датите се дадени погоре) во Извидничкиот центар Охрид ИЦО;
  • Да се грижат за групата и нејзиното активно учество;
  • Да ги информираат учесниците на групата за работи поврзани со кампот и активностите;
  • Да се грижат за пристигнувањето на време на групата на активностите кои се реализираат;
  • Да организираат евалуациски состаноци со групата како би го затвориле денот;
  • Да имаат состанок секој ден по завршување на активностите и да се во комуникација и координација со програмскиот тим.

Профил на младински лидери кои ни е потребен:

  • Младински лидери кои имаат учествувано на едукативни активности за млади од областа на неформално образование;
  • Младински лидери кои досега имаат водено групи на младински размени или слични активности;
  • Младински лидери кои имаат спроведено активности за млади;
  • Младински лидери кои работеле во мешани групи на лица со попреченост и без имаат предност при селекција;
  • Познавање на Македонски јазик, додека познавањето на Албанскиот јазик се смета за предност;
  • Возраст од најмалку 16 години.

 

Младинските лидери ќе бидат во постојана комуникација и координација со програмскиот тим кој е составен од 6 луѓе искусни во работа со лица со попреченост и без и тоа: 1 дефектолог, 1 психолог, 2 младински работници од Крик и 2ца извидници.

 

Доколку сте заинтересирани и сакате да се приклучите на програмскиот тим кој ќе работи на кампот аплицирајте на  следниот линк најдоцна до

  • 1 камп-6ти до 9ти јули 2017 рок за аплицирање 18.06.2017
  • 2 камп 27ми до 30ти јули 2017 рок за аплицирање 25.06.2017
  • 3 камп 3ти до 6ти август рок за аплицирање 2017 02.07.2017

 

 

Повик за дефектолог кој ќе работи на младински кампови

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Уницеф.
Проектните активности се одвиваат во период од јануари 2017 до декември 2017 година.
Цели на проектот:
• Да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници
• Да се вклучат млади лица со попреченост во активности од неформалното образование
• Да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без
• Да се истражи креативноста и различните култури преку социјална инклузија
• Да се зголеми свесноста за правата на децеата со попреченост преку презентирање на резултатите од програмите во различни градови во Македонија
• Да се осврне поглед кон капацитетите на лицата со попреченост и што се тие можат да постигнат.
Во периодот од февруари до мај 2017 се организираа 10 младински програми низ различни градови во Македонија. Понатаму продолжуваме со активностите кои сочинуваат 3 младински кампови кои ќе се реализираат во Извидничкиот центар Охрид.

Околу камповите:
Што: Младински кампови во ИЦО Охрид
Кога:
• 1 камп-6ти до 9ти јули 2017 рок за аплицирање 18.06.2017
• 2 камп 27ми до 30ти јули 2017 рок за аплицирање 25.06.2017
• 3 камп 3ти до 6ти август рок за аплицирање 2017 02.07.2017
За кого: Вкупно 33 лица со попреченост и без на возраст од 10 до 18 години
Каде: Извиднички центар Охрид
Програмата е составена од активности во природа и едукативни и креативни работилници на различни теми.
За таа цел, отвараме повик за дефектолог кој ќе се приклучи на програмскиот тим и ќе ја поддржи вклученоста на лицата со попреченост.
Задачите на дефектолозите се следни:
 Да бидат присутни на кампот за кој се одбрани (датите се дадени погоре) во Извидничкиот центар Охрид ИЦО;
 Да подготват програма за работа и заедно со програмскиот тим да ги адаптираат планираните активности;
 Доколку е потребно да се асистира при користење на тоалет за лицата со попреченост;
 Да го следат развојот и потребите на младите луѓе во текот на времетраење на кампот;
 Да учествуваат на подготвителните состаноци во Скопје;
 Да им помогнат на учесниците со попреченост за да се обезбеди активно учество.

За сето горе наведено, дефектолозите добиваат:
 Поддршка при подготовка на програмите и целиот процес на активностите на кампот;
 техничка и логистичка поддршка;
 надомест од вкупно 5700 мкд за 1 камп и
 можност за понатамошно ангажирање во наредните активности на проектот, Крик и Сојуз на извидници на Македонија.

Профил на дефектолози кои ни е потребен:
Дефектолози кои имаат дизајнирано и спроведувано програми за личен и социјален развој на млади лица со попреченост минимум 1 година;
Дефектолози кои имаат знаење и вештини за работа со млади со попреченост на нивниот личен и социјален развој;
Дефектолози кои знаат да ги идентификуваат потребите на младите;
Дефектолози кои работат во мешани групи на лица со попреченост и без имаат предност при селекција;
Познавање на Македонски јазик, додека познавањето на Албанскиот јазик се смета за предност;
Возраст од најмалку 22 години.

Дефектолозите ќе се приклучат на програмскиот тим кој е составен од 6 луѓе искусни во работа со лица со попреченост и без и тоа: 1 дефектолог, 1 психолог, 2 младински работници од Крик и 2 од Сојуз на извидници на Македонија.
Дополнително 33те учесници се поделени во помали групи од 5 луѓе каде се 2 лица со попреченост, 2 лица без и 1 лидер на група.
Доколку сте заинтересирани и сакате да се приклучите на програмскиот тим кој ќе работи на кампот аплицирајте на  следниот линк најдоцна до 18.06.2017.
Дополнително испратете ни кратка биографија на infokrikcenter@gmail.com

Call for participants for multicultural movie night – in the Youth Center KRIKNI

CYA KRIK issues: Call for interested participants for multicultural movie night

 

What: Turkish Movie – MOVIE NIGHT – “See new culture in a movie”

When: 15th of June 2017 Monday at 6:30pm

Where: Youth Center – KRIKNI Skopje, Macedonian – st. Karadzica 6, Skopje

More about the event:

MULTICULTURAL MOVIE NIGHT – The goal is to prepare the deep Turkish movie “The Butterfly’s Dream” (”Kelebegin ruyasi”). We will use a projector and offer the movie on a big white wall with nice sounds and English subtitles while the participants are joining snacks and drinks at colorful lazy bags and modern chairs. After 138 minutes full HD movie time and great entertaining we will open an discussion and analyzing meaning of the movie.

The movie is about:

In a small Turkish town, two young tuberculous poets try to survive while publishing their poems. As they both fall in love, their life would never be the same.

Trailer: you can fin it on this link

Participant’s profile: Everyone who is interested to watch a nice movie, have fun and hang out with others, to have at least Intermediate level of English Language because the subtitles will be in English.

You can find the link for the Facebook event here.

The call is open until 11 am Wednesday, the 14th of June 2017

If interested to apply fill in this Application Form for participants.

For any additional questions contact us at evskrik@gmail.com

Call for short term EVS project for 2 months

CYA KRIK issues: Call for short term EVS project for 2 months for period of 1st August – 28th September 2017 

What: European Voluntary Service – EVS
When: 1st August May – 28th September 2017
Where: Mersin, Turkey
Host organization: AkdenizÜçüncüGözEğitimveGençlikDerneği (Third Eye Education and Youth Association of Mediterranean -TEAM)
TEAM was founded in 2009 in order to protect the wild and natural life with the local community and youth in and around Mersin.Especially. TEAM care a lot for the Sea-Turtles (Caretta-Caretta and CheloniaMydas) which leave their eggs on the coast of Kazanlı-Mersin and are under the risk of extinction. TEAM act as an EVS coordinating organisation in Mersin (sending and hosting volunteers).
One of the most important priorities for the project will be the promotion of active citizenship spirit, the empowerment of voluntarism and of the spirit of collaboration and solidarity to a young group.

Activities from the weekly program:
-Meeting with mentors and project coordinator discussion-briefing;
-Cleaning the coast where turtle lays their eggs (the main activity for 12 months);

-Preparing media about environmental protection;
-Turkish Language support;
-Meeting with local people and informative activities about environment;
-Informative workshops – creating awareness about environmental protection, recycling, reusing, reducing among youth and children via theatre play, games, flash mobs depend on our groups’ creativity.
During Turtle Season, which is from May  the volunteers will see Mama turtles and in July they will see the baby turtles. The volunteers are cleaning the beach in the late afternoon and walking on the beach at nights in order to monitor and protect the Mama and Baby sea-turtles from the predators.(like Dogs&Crabs..)
The volunteers will be active in the project for 35 h per week (language lessons are the part of it. Arrival and departure days do not make the part of volunteering time. The volunteering schedule may also vary with time – some periods will be more busy, and some will be much more flexible. The planning of the activities the volunteer has to build up together with the host organisation.

Food and accommodation
Accommodation and board will be covered by the Turkish National Agency. 100% of Travel costs are covered by the Turkish National Agency.
There will be provided sufficient food and accommodation for the volunteers. The volunteers are responsible to cook their meal 2 by 2 each weekday.
The volunteer will be accommodated in 3 flats. The volunteer will share the common space and the bedroom mostly four people in one room. The flat is situated near the project area and has double bedrooms, kitchen, living room and all other facilities. There are mainly sufficient materials like internet, fridge, kettle, oven, hot water in the flat.

Language Course
There will be provided Turkish language lesson training for total 4 hours in a week.

Send us the EVS Application Form and your CV at kriksending@gmail.com

Application deadline: 19th of June
For more info contact us on kriksending@gmail.com