Categories
Activities

Настан за дисеминација на резултати од проект ERASMUS4VIP

Настан за дисеминација на резултати од проект ERASMUS4VIP

Центар за младински активизам Цма Крик ве кани на дводневен дисеминациски настан за споделување на резултатите од проектот Erasmus4VIP кој ќе се одржи на 30 и 31 мај 2017 (вторник и среда) 2017 со почеток од 12:00 до 16:00 часот во просториите на младинскиот центар Крикни. На дводневниот настан ќе имате можност да се запознаете со резултатите од проектот но и да научите нешто ново за работа со лица со оштетен вид.

За проектот ERASMUS4VIP:

Програма: Ерасмус +, КА2 Стратешко партерство во областа на млади

Тема: подобрување на секојдневието на лицата со оштетен вид во Македонија

Партнери: Offensiva Tinerilor Romania (координатор), NART Bulgaria, Magnitas Tiffli Greece, Pancyprian

Association of Blind Cyprus, Center for youth activism – CYA KRIK

✓ На настанот ќе имате можност да се запознаете со резултатите од проектот:

Резултати:

• компендиум за работа со лица со оштетен вид,

• развиена методологија за работа со лица со оштетен вид

• веб страна

✓ На настанот ќе имате можност да се запознаете повеќе со работата со лицата со оштетен вид преку интерактивни работилници:

3 работилници за работа со лица со оштетен вид

Работилница 1: Tips and Tricks за работа со лица со оштетен вид водена од партнерите од Offesiva Tinerilor од Романија

Работилница 2: Јас како лице за придружба-како да водиш лице со оштетен вид водена од партнерите од NART Бугарија.

Работилница 3: World Café – разбивање на стереотипите за лицата со оштетен вид водена од ЦМА КРИК Македонија

✓ На настанот ќе имате можност да слушнете за позитивните искуства на младинските работници кои работеа со лица со попреченост изминатите 3 месеци како дел од проектот See You Watching Me. Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ и Европската Унија (ЕУ).

10 презентации за младинските програми кои се реализираа во период од февруари до мај 2017 каде учесници беа лица со попреченост и без.

 

Огромно задоволство ни е доколку присуствувате на дводневниот настан и заедно дискутираме и учиме за една од навистина важните теми, но за жал некогаш заборавено во секојдневието-лицата со попречености.

Ве замолуваме да пријавите учество за дводневниот настан најдоцна до 29.05.2017 со пополнување на кратка апликациска форма.

Линк од настанот.

За вашето учество ќе добиете потврден меил.

За дополнителни информации контактирајте не на infokrikcenter@gmail.com

Срдечен поздрав,

Тимот на Крик

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *