Categories
Activities

АКТИВНОСТИ ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР КРИКНИ

АКТИВНОСТИ ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР КРИКНИ

Ние сме тимот на Центар за младински активизам ЦМА Крик и би сакале да ве запознаеме со нашата организација.

Што е Центарот за младинскиот активизам Крик?

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација, основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со млади луѓе. Името е инспирација која произлезе од визијата на оваа организација, која треба да биде гласот на младите кои ќе бидат сослушани и ќе прават промени и придонеси во општеството. Крик се стреми кон поттикнување на поголема партиципација на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се сите луѓе (но главно млади) кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството, како и придонесување за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

Повеќе информации во линкот: http://krik.org.mk/

Како дел од Крик во февруари 2017 го отворивме Младинскиот Центар КРИКНИ.

Што е КРИКНИ?

Крикни е младински центар, кој им овозможува на младите простор да ги споделуваат своите идеи, развиваат нови и меѓусебно да се подучуваат преку разни работилници. Младинскиот центар Крикни работи во согласност мисијата и визијата на КРИК.
До сега имаме организирано многу работилници како на пример: Неделата за Борба Против Расизмот, работилници за танц,  креативни работилници, обука за креативно решавање на проблеми, обука за користење на Адолесцент Сетот на Уницеф и други. Исто така, бевме домаќини на луѓето од Маршот за Алепо.

Проверете го нашиот Фб: https://www.facebook.com/YouthCenterKRIKNI/

И нашиот Инстаграм: yc_krikni1

Нашиот центар е отворен за сите. Можете да дојдете кога сакате, да седнете и да разговарате со нас, да се одморите и да уживате со добро друштво, да ја напишете вашата домашна задача со нашата помош, да го искористите просторот за работа, да реализирате некоја активност итн. Тоа е пријатно и пријателско место каде што секогаш ќе најдете добри луѓе со кои можете да го уживате денот.

Во блиската иднина планираме да организираме нови работилници и активности. Имаме многу планови и идеи, но најважно за нас е да ги слушнеме идеите и интересите на младите за да можеме активностите да ги подготвиме според вашите потреби. За таа цел имаме прашање за сите вас.

Доколку имате идеи за работилница или активност на која би сакале да учествувате Ве молиме пополнете го прашалникот:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeO7nykAMeXOFvfQQNUzTsDBDjEhJ9O7G_7eUeueBs_LiEOiw/viewform

Ги очекуваме вашите идеи 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *