Повик за учесници на работилници ,,Креативност до даска”, кои ќе се реализираат во Жена Парк – Скопје

Повик за учесници на работилници

,,Креативност до даска”

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Европската Унија (ЕУ).

Програмата е составена од 6 работилници, кои се одвиваат два пати дневно.  Работилниците се наменети за учесници од сите возрасти.

Тема:

  • Да се зголеми социјалната инклузија на лицата со попречености и нивните врсници.
  • Да се вклучат млади лица со попречености во активности од неформално образование
  • Да се зајакне комуникацијата помеѓу лицата со попреченост и без.
  • Да се зголем свесноста за правата на децата со попреченост.
  • Да се истражи креативноста и различните култури преу социјална инклузија.

Работилниците се реализираат во Жена парк.

Работилниците се одвиваат  два пати дневно на 20, 21 и 22 мај во 12 часот до 13 часот и од 15 часот до 16 часот.

Профил на учесници:

  • Учесници кои се заинтересирани за соработка
  • Учесници кои се заинтересирани за запознавање на различностите и потребите на лицата со посебни потреби.
  • Учесници кои имаат желба за поттикнување на социјалната инклузија.
  • Учесници кои имаат желба за стекнување на неформално образование.

Апликациската форма можете да ја најдете тука.

 

Краен рок за аплицирање: 18.05.2017 година

Доколку имате дополнителни прашања можете да не исконтактирате на:

bisovska.ib@gmail.com

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *