Повик за учесници за работилници во ПОУ ”Иднина” – Скопје

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Европската Унија (ЕУ).

Две работилници ќе  се одвиваат еднаш неделно во мај месец 2017. Една работилница трае 1 час. Младинските програми се наменети за учесници кои се млади лица на возраст од 10 до 18 ( од 10 до 15 години ученици со попречености, од 15 до 18 години ученици со типичен развој)

Тема:

  • Да се зголеми социјалната инклузија на млади лица со попречености и нивните врсници.
  • Да се вклучат млади лица со попречености во активности од неформално образование
  • Да се зајакне комуникацијата помеѓу младите лица со попреченост и без.
  • Да се зголем свесноста за правата на децата со попреченост.
  • Да се истражи креативноста и различните култури преу социјална инклузија.

Работилниците се реализираат во: ПОУ „Иднина„ – Топанско Поле

Работилниците се одвиваат на:  19 и 26 мај во 12 часот во просториите на училиштетото

Профил на учесници:

  • Учесници кои се заинтересирани за соработка
  • Учесници кои се заинтересирани за запознавање на различностите и потребите на лицата со посебни потреби.
  • Учесници кои имаат желба за потикнување на социјалната инклузија.
  • Учесници кои имаат желба за стекнување на неформално образование.

 

Апликациската форма можете да ја најдете тука.

 

Краен рок за аплицирање: 18.05.2017 година

Доколку имате дополнителни прашања можете да не исконтактирате на:

bisovska.ib@gmail.com

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *