Повик за учесници на младинска програма ,,We are the World, We are the Future”, која ќе се реализира во ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски” – Скопје

Повик за учесници на младинска програма
“We are the World, we are the Future”

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Европската Унија (ЕУ).
Младинската програма е составена од 10 работилници кои се одвиваат двапати неделно во мај 2017 во ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски” во Скопје. Една работилница трае 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за учесници кои се млади лица на возраст од 14-18 години.

Тема: Главната цел на оваа програма е да се постигне инклузија на децата со интелектуална попреченост со нивните врсници преку учество на креативни работилници.

Работилниците се реализираат во: Просториите на ДСУ за рехабилитација и образование  „Св.Наум Охридски” во Скопје и во природа.

Работилниците се одвиваат: Во месец мај, секој понеделник и среда од 15:00 до 16:30 часот, почнувајќи од 3 мај.

Профил на учесници: Млади лица на возраст од 14 до 18 години.

Апликациската форма можете да ја најдете тука

Краен рок за аплицирање: 02 мај

Контакт за дополнителни прашања:
Елисавета Булоска – 078 517 189 – kriksending@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *