Повик за учесници на креативни работилници за танцување и цртање, кои ќе се реализираат во Младинскиот центар КРИКНИ, Скопје

ЦМА КРИК објавува: Повик за мотивирани учесници за креативни работилници за танцување и цртање

Што: Креативни работилници

  1. Танцувачки клуб – “ imPOSSIBLE – I´m gonna dance on the walls call freedom.”
  2. Цртање на ѕид – “Feelings on the wall”

Кога: Работилниците ќе се реализираат во период од мај до јули 2017 година

Танцувачки клуб – секој вторник 18:00 – 19:00 часот (ќе започнат од 9ти мај 2017)

Цртање на ѕид – секој четврток 18:00 – 19:00 часот (ќе започнат од 11ти мај 2017)

Каде: Младински центар КРИКНИ, Скопје

Ул. Караџица бр. 6, Пржино https://goo.gl/maps/2HzoMvMFt652

Повеќе за овој проект:

Танцувачки клуб – Учесниците на овие работилници ќе научат нови движења базирани на хип-хоп и балет, нешто повеќе за балетот и различни типови на музика. На крајот од овие работилници ќе има завршен настан на кој ќе се претстави заедничкиот танц. Танцувачкиот клуб ќе го фасилитираат ЕВС волонтерите Петер од Германија и Барбара од Полска. Петер обожава да игра и има настапувано во балетската претстава „Клеопатра“.

Цртање на ѕид – Овие работилници имаат за цел да го поттикнат критичкото размислување на учесниците, да им овозможат да го нацтраат она што го мислат. Креативни работилници на кои ќе се црта, бои и слика. На крајот од работилниците, сите учесници заедно ќе цртаат на еден од ѕидовите во Младинскиот центар КРИКНИ. Фасилитатори на овие работилници е нашите ЕВС волонтери од Германија Петер и од Полска Агата. Заедно со учесниците ќе се споделуваат искуства за цртање, ќе се научат нови вештини и различни стилови на цртање.

Профил на учесници:

  • Млади на возраст од 14 – 20 години
  • Мотивирани да учествуваат на работилниците Танцувачки клуб и/или Цртање на ѕид
  • Млади кои се во можност да доаѓаат во Младинскиот центар КРИКНИ
  • Млади кои имаат основно познавање на Англиски јазик

 Начин на аплицирање:

Доколку сте заинтересирани за некоја или пак двете работилници пополнете ја оваа апликациска форма.

Рокот за аплицирање е до четврток 04ти мај 2017 година.

За дополнителни прашања можете да ни пишете на evskrik@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *