Повик на учесници за работилница ’’Креативно решавање проблеми’’

ЦМА КРИК објавува повик на учесници за работилница за креативно решавање проблеми

 

Кога: Работилницата ќе се реализираа во четврток, 13 април 2017 година, 18:00 – 20:00 ч.

 
Каде: Младински центар КРИКНИ, Скопје
Ул. Караџица бр. 6, Пржино https://goo.gl/maps/2HzoMvMFt652

 

Повеќе за оваа работилница:

Ние го користиме зборот проблем со цел да опишеме широк спектар на ситуации во кои доживуваме несигурност или потешкотии во остварувањето на она што сакаме да го постигнеме.

Алберт Ајнштан рекол “ Никогаш не можеш да решиш проблем на истото ниво на кое тој е созаден. Затоа целта на оваа работилница е заедно да научиме како да им пристапуваме на проблемските ситуации, како креативно да ги решаваме преку различни техники и како да дојдеме до најдобро решение.

Профил на учесници: Млади од 18 години до 29 години

Начин на аплицирање: Доколку сакате да учествувате на оваа работилница пополнете ја оваа апликациска форма.

Рок за аплицирање: 12 април 2017 година

Контакт за дополнителни прашања: kriksending@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *