Повик за учесници на младинска програма ,,Во нашиот свет”, која ќе се реализира во ”Завод за рехабилитација на деца и младинци”, Скопје

Повик за учесници на младинска програма

“Во нашиот свет

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Европската Унија (ЕУ).
Младинската програма е составена од 10 работилници кои се одвиваат двапати неделно во период април – мај 2017 во ”Завод за рехабилитација на деца и младинци” во Топанско поле.  Дел од работилниците ќе се одвиваат и надвор од заводот, во природа, кино и театар. Една работилница трае 1 час и 30 мин. Младинските програми се наменети за учесници кои се млади лица на возраст од 14-18 години.

Тема: Главната цел на оваа програма е да се постигне инклузија на децата со интелектуална попреченост со нивните врсници преку учество на креативни работилници.

Работилниците се реализираат во: Просториите на Завод за рехабилитација на деца и младинци, во природа, кино и театар

Работилниците се одвиваат: Во период од април до мај, секој вторник и четврток од 10:30 до 12 часот, почнувајќи од 11 април.

Профил на учесници: Млади лица на возраст од 14 до 18 години.

Апликациската форма можете да ја најдете тука

Краен рок за аплицирање: 10 април

Контакт за дополнителни прашања:

Елисавета Булоска – 078 517 189 – e.buloska@hotmail.com или

Блерта Ќамили – 072 523 262 –  qamili.blerta@gmail.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *