Повик за учесници на обука за користење на Адолесцент Сет за Изразување и Иновации – Уницеф

ЦМА КРИК објавува повик за учесници на обука за користење на Адолесцент Сет за Изразување и Иновации – Уницеф


Што:
 Обука за користење на Адолесцент Сет за Изразување и Иновации – Уницеф

Кога: Обуката ќе се реализираа во четврток  30 март 2017 година, 16:00 – 20:00 часот

Каде: Младински центар КРИКНИ, Скопје

Ул. Караџица бр. 6, Пржино https://goo.gl/maps/2HzoMvMFt652

Повеќе за оваа обука:

Адолесцент Сетот има легендарна историја во УНИЦЕФ. Од своите скромни почетоци, дизајнот на сетот е заеднички напор на експерти, заедници и адолесценти од целиот свет. Адолесцент Сетот е прв сет на Уницеф кој користи  ‘design thinking’ and ‘human centered design’ (HCD) методи во неговото создавање.

Адолесцент Сет за Изразување и Иновации е пакет на насоки, алатки и материјали наменети за поддршка на земјите да ги вклучат адолесцентите на возраст од 10 – 18 години кои се погодени од конфликти, кризи и сиромаштија преку образованието, детската заштита, развој на младите и/или градење на мировни иницијативи.

Целта на адолесцент сетот за истражување и иновации е да промовира позитивни резултати за психосоцијалната благосостојба на адолесцентите, учење животни вештини, како и позитивно и активно ангажирање во нивните заедници преку крос-секторски прилагодливи и развојно соодветни пристапи. Сетот особено ги поддржува активностите на користење на креативност, иновативност и адолесцентска иницијативност како методи за постигнување на овие резултати.

Со оваа обука сакаме да им го претставиме овој Адолесцент Сет од УНИЦЕФ кој навистина ќе им помогне на младинските работници при спроведување и дијазнирање на младински програми.

Повеќе информации за Адолесцент Сетот – http://adolescentkit.org/#home-section

Профил на учесници: Младински работници – 16 – 29 години

Начин на аплицирање: Доколку сакате да учествувате на оваа обука пополнете ја оваа апликациска форма.

Рок за аплицирање: 29 март 2017 година

За дополнителни прашања можете да не контактирате на kriksending@gmail.com

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *