Центар за младински активизам Цма Крик распишува повик за членови на Генерално собрание на ЦМА КРИК

Центар за младински активизам Цма Крик распишува повик за членови на Генерално собрание.

ПОВИК ЗА ЧЛЕН НА ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ЦМА КРИК

Центар за младински активизам Цма Крик ги повикува сите заинтересирани лица, запознаени со работата на Крик, процесите во земјата поврзани со младинската работа и работа со лица со попреченостда се пријават и да бидат дел од Генералното собрание на Крик.

Пријавувањето се врши со:

Пополнување на апликациската  форма најдоцна до 20.03.2017 23:59 часот.

Според Статутот на ЦМА КРИК ова се начините за одлучување за зачленување, исклучување и престанок на членувањето во здружението.

Член 8

(1) На Здружението може да му се приклучи секое правно и физичко лице.

(2) За условите и начините за приклучување, односно исклучување на член од Здружението одлучува Управниот одбор.

Член 9

(1) Постојат две категории на членување, односно полноправно и придружно.

(2) Полноправниот член има право на еден глас за време на Годишното Собрание, има право да биде биран во органите на Здружението, да учествува во работата на Здружението. Полноправниот член редовно плаќа членарина.

(3) Придружниот член може да присуствува на Годишното Собрание при што нема право на глас. Придружни членови се симпатизери на организацијата или гости. Придружниот член не плаќа членарина.

Член 10

2/3 од полноправните членови може да побараат престанок на функцијата на било кој член.

Член 11

(1)Член на здружението може да биде исклучен ако за тоа одлучат 2/3 од вкупниот број на Управниот одбор.

  1. ПРАВА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ НА ЧЛЕНОВИТЕ

Член 12

(1) Членовите на Здружението ги прифаќаат ризиците од заедничкото работење и сите имаат подеднакви права.
(2) Обврските и одговорностите на членовите се поделени во овој Статут.

  1. УПРАВУВАЊЕ СО ЗДРУЖЕНИЕТО

Член 13

(1) Со Здружението управуваат членовите непосредно, или преку избраните претставници во органите на Здружението.

(2) Здружението води регистар на членовите.

(3) Податоците од ставот (2) на овој член се ажурираат најмалку еднаш годишно.

(4) Здружението ја гарантира анонимноста на личните податоци на членовите кои тоа го побарале.

Член 14

Мандатот на секој член кој има функција и учествува во работата на Здружението има времетраење од две (2) години, со право на реизбор.

  1. ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЛЕЖНОСТИ НА СОБРАНИЕТО

Член 15

(1) Собранието на Здружението е негов највисок орган, кое го води претседателот на Собранието, а во неговата работа учествуваат сите членови.

(2) Собранието:

– донесува Статут, програма и други акти,

– усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и го објавува на огласната табла на својата интернет страница,

– доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа,

– одлучува за промена на целите на Здружението,

– одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на Здружението,

– избира и разрешува членови на органите,

– одлучува за статусните измени на Здружението,

– одлучува за престанок на Здружението со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на Здружението и

– врши други работи во согласност со Статутот и актите на Здружението.

Член 16

(1) Собранието го води Претседателот, кој закажува редовна седница еднаш годишно.

(2) 2/3 од членовите кои се присутни на седницата одлучуваат и разрешуваат прашања поврзани со работата на Здружението.

Член 17

(1) 1/3 од членовите на Здружението можат да побараат вонредна седница, со предходно писмено барање доставено до претседателот на Собранието.

(2) Вонредната седница на Собранието се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за одржување.

Член 18

Сите кои се присутни на некоја од седниците на Собранието имаат подеднакво право на глас (еден човек – еден глас).

Годишното собрание на ЦМА КРИК ќе се случи на 23.03.2017 година четврток.

Полноправните членови на Генералното собрание треба да биле активни во активностите на организацијата најмалку една година (изминатата т.е. 2016). Активни во организацијата се смета спроведување, планирање и учество на активностите во Крик кои се организирале во изминатата година или учество на најмалку 6 настани или спроведни минимум 2 младински програми или настани.

Придружните членови на Генералното собрание треба да биле активни во активностите на организацијата најмалку шест месеци (изминатата т.е. 2016). Активни во организацијата се смета спроведување, планирање и учество на активностите во Крик кои се организирале во изминатата година или учество на најмалку 3 настани. Придружните членови немаат право на глас.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *