Центар за младински активизам Цма Крик распишува повик за избор на членови на Управниот одбор

Центар за младински активизам Цма Крик распишува повик за избор на членови на Управниот одбор.
ПОВИК ЗА ЧЛЕН НА УПРАВЕН ОДБОР НА ЦМА КРИК

Центар за младински активизам Цма Крик ги повикува сите заинтересирани лица, запознаени со работата на Крик, процесите во земјата поврзани со младинската работа и работа со лица со попреченостда се пријават и да бидат дел од управното тело на Крик.
Пријавувањето се врши со:
–Мотивационо писмо каде освен стандардните делови на мотивационото писмо да одговори дополнително на следниве прашања:
1. Како ги замислувам активностите на Крик во наредните 2 години
2. Јас и Крик сме…
и
– кратка биографија на кандидатот.
Номинираното лице да има искуство со младинска работа и основни познавања на работа со лица со попреченост. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на Крик, infokrikcenter@gmail.com најдоцна до 20.03.2017 година, 23:59 часот со назнака:Кандидатура за член на Управен одбор на КРИК.
Собранието, врз основа на добиените апликации и презентацијата на кандидатите пред членовите на Генералното собрание, на Годишното собрание на Крик кое ќе се одржи на 23.03.2017, ќе изгласа членови на Управниот одбор.
Имено, според член 19 и 20 од Статутот на Крик, внатрешната организација на Управниот одбор и надлежностите се следни:
ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЛЕЖНОСТИ НА УПРАВНИОТ ОДБОР

Член 19

(1) Управниот одбор го избира Собранието како највисок орган.
(2) Управниот одбор го сочинуваат пет члена.
(3) Член на Управниот одбор може да биде лице кое е деловно способно и е активен, полноправен член на Здружението најмалку две години.
(4) Управниот одбор се состанува најмалку еднаш на три месеци.

Член 20

Управниот одбор:
– го следи спроведувањето на Статутот, Стратегијата и Програмата на Здружението,
– се грижи за работењето и имотот на организацијата,
– мониторира и прегледува имплементација на одобрените годишни средтства и ако е возможно прави нивна измена,
– ја разгледува завршната сметка и ревизорскиот извештај и ги поднесува за усвојување пред Собранието,
– собира и алоцира нови средства,
– поднесува нови проекти
– развива политика која ја претставува пред Собранието,
– одговара пред Собранието за имплементација на одобрените одлуки,
– суспензира и исклучува членови согласно Член 11,
– поднесува годишни извештаи за својата работа пред Собранието и
– врши други работи во согласност со Статутот и актите на Здружението.

Работата на членовите на УО е на волонтерска основа. Управниот одбор се среќава најмалку еднаш на три месеци, и неговите записници се доставуваат и до сите членови на Собранието на организацијата. Управниот Одбор за својата работа одговара пред Собранието.

2 thoughts on “Центар за младински активизам Цма Крик распишува повик за избор на членови на Управниот одбор

  1. Само да ве подржам во сите акции кои ги правите и натаму да соработувате со мојата емисија. И Јас да ви помагам во вашите акции како модератор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *