Натпреварувај се за карти на EXIT фестивалот 2017

Здраво млади! Дали можеби планиравте да го посетите овогодинешниот Exit фестивал? Дали би сакале да освоите 2 влезници за “Exit” фестивалот кој ќе се одржи од 6-ти до 9-ти Јули 2017?

Се што треба да направите е да се пријавите вие, заедно со вашето другарче (со кое сакате да го посетите фестивалот ) на овој формулар.  Да дојдете во четврток (09.03.2017) во 18:00 часот во просториите на новиот Младинскиот центар КРИКНИ и да земете учество во предизвиците што ви ги приготви тимот на КРИК.

Новиот Младински центар КРИКНИ е отворен и почна со работа во февруари 2017 година преку иницијативата „Мрдни со прст“ на НМСМ и ќе им биде на располагање на младите од Скопје и пошироко.  Центарот се наоѓа во населба Пржино на ул. Караџица бр. 6

Рокот за аплицирање е до 09.03.2017 – 12:00 часот.

Пријавете се, ве очекуваме !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *