Повик за учесници на младинска програма: “Јас можам”-Скопје

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Европската Унија (ЕУ).

Младинската програма е составена од 12 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период февруари-мај 2017. Една работилница трае 2 часа. Младинските програми се наменети за учесници кои се млади лица на возраст од 15 до 18 години кои се со попреченост и без.

Име на програма ,,Јас можам”

Теми:

  • Поттикнување на развој на меки вештини
  • Стекнување на вештини и можности за вработување/волонтирање
  • Социјална инклузија
  •  Развивање на комуникациски вештини
  •  Градење на тимска работа

Работилниците се реализираат во просториите во Центарот за младински активизам КРИК на ул.Караџица 6 во Пржино.

Работилниците ќе се реализираат секоја среда од 18 до 20 часот.

Профил на учесници:

Ги повикуваме сите млади со типичен развој и попреченост, на возраст од 15 до 18 години кои сакаат  да се забавуваат и дружат во мешани групи, да стекнат знаења за можностите за волонтирања и човековите права преку неформално образование. Оваа програма ќе ви даде можност да ги развиете своите комуникациски вештини, да научите повеќе за различностите и различни видови на можности за учење во Македонија и странство.

Најдобрите учесници ќе имаат можност да учествуваат и на еден од летните кампови кои се планираат да се организираат во Охрид.

Заинтересираните најдоцна до 5-ти март 2017 треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *