Повик за учесници на младинска програма „Mеките вештини не водат кон успех“ Скопје

 

Повик за учесници на младинска програма „Mеките вештини не водат кон успех“ Скопје

Центар за младински активизам Цма Крик во партнерство со Сојуз на извидници на Македонија спроведуваат проектни активности од проектот See You Watching Me финансирани од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Европската Унија (ЕУ).

Младинската програма е составена од 12 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период февруари-мај 2017. Една работилница трае 2 часа. Младинските програми се наменети за учесници кои се млади лица на возраст од 15 до 18 години кои се со попреченост и без. Првата работилница започнува на 07.03.2017 вторник.

Име на програма: Со вештини до подобро културно разбирање

Тема: Култура на дијалог

Работилниците се сотавени од 2 целини со кои младите ќе ги подобрат личните вештини. Во првиот дел младите учат како да ги подобрат своите комуникациски, презентациски, лидерски и тимски вештини, додека во вториот дел тие ќе учат за тоа што е мир, толеранција, разбирање, интеркултура, ненасилна комуникација, разрешување на кофликти, а во сето тоа ќе се начнат и основните човекови права. Двете целини на крајот од програмата ќе се поврзат со цел подобро практикување на наученото во текот на работилниците.

Работилниците ќе се реализираат во просториите на државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“

Работилниците ќе се одвиваат секој вторник од 17 до 19 часот.

Доколку сте заинтересирани, аплицирајте со пополнување на кратката апликациска форма

Краен рок за аплицирање: 5 март

Доколку имате дополнителни прашања можете да не исконтактирате на kriksending@gmail.com или на 077 486 808

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *