Повик за учесници на младинска програма “За сите деца”-Прилеп

Повик за учесници на младинска програма

За сите деца

Центар за младински активизам ЦМА КРИК во соработка со Сојузот на извидници на Македонија, спроведуваат проектни активности од проектот See you watching me, поддржан од Детскиот фонд на Обединети Нации (УНИЦЕФ) и Европска Унија – ЕУ).

Младинската програма е составена од 10 работилници кои се одвиваат еднаш неделно во период март-мај 2017. Една работилница трае 2 часа. Младинските програми се наменети за учесници кои се млади лица на возраст од 15 до 18 години.

Име на програмата:За сите деца“.

Тема: Главната цел на оваа програма е да се постигне инклузија на децата со интелектуална попреченост со нивните врсници преку учество на креативни работилници.

Работилниците се реализираат во: Просториите на детскиот дневен центар   „Ѕуница“ Прилеп.

Работилниците се одвиваат: Во период од март до мај, секој четврток, од 10 до 12 часот.

Профил на учесници: Млади средношколци на возраст од 15 до 18 години од Прилеп и околината.

Апликациската форма можете да ја најдете тука апликациска форма

Краен рок за аплицирање: 28 февруари.

Контакт за дополнителни прашања:

Ивана Сурлаџиоска – 077 699 196 – surlicivanka@gmail.com или

Александра Стојаноска – 076 789 421 – aleksandra.stojanoska7@gmail.com.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *