Недела 26.02.2017 и интересни работи се случуваат…. КРИКНИ и ти!

Недела 26.02.2017 17:00 часот… И интересни работи се случуваат.

Она чувство кога многу работи се насобрале и сега ти се во грлото.

А ти си дома, во дневна. Во Пржино.

Центар ти личи далеку за нешто да се организираш и покрај тоа што за 7 минути си таму.

Седум минути. Си ја направи рутината во тоалетот од сабајле? Ете, поминаа.

Затоа Центар во Пржино. Културен центар, лично твој. И на тие од Чаир или Аеродром или Кисела вода или, се едно, бидејќи е на „тоалет рутина“ од тебе. Место каде што ќе можеш да го направиш тој пресудниот потег, за крикот што ти се зајанѕал во грлото да го пуштиш да излезе.

Промената што ја чекаш, те чека тебе. Само ти можеш да ја разбудиш!

„Мрдни со прст“ е кампања која има за цел да те потсети на ова. Преку огранизацијата КРИК ти нуди можност да размислуваш за тоа, во што се промената може да се претвори и тоа во местото што самиот со уште дузина други ќе можеш да го издизајнираш и користиш.

Во петте простории што ги обезбеди, КРИК те поканува да заедно со 20 други млади лица ја шефуваш иницијативата во која неформално ќе се дружите, едуцирате и… готвите бе.

После дома ќе ти викаат – а таму знаеш како, нели!?

Стани дел од првите 20 вистински индивидуалци, со типичен развој и со посебни потреби, што ќе ги мапираат потребите на своите врсници. Потоа, издизајнирајте простор и креирајте ја програмата и изгледот на Центарот „КРИКНИ“ во Пржино. Мрднете со прст.

Се вклучуваш индивидуално а делуваш колективно. Нешто као член во рок група.

И види сега – парадокс. Ако си за ВЛЕЗ, директно си на EXIT. Двајца од вас што сте се окуражиле да пуштите крик, добиваат карти за овогодинешниот ЕГЗИТ фестивал.

Ем ќе научиш да готвиш, ем карти „гага“ па да ги видам дома, да најдат причина да не те пуштат.

Јака си. А и ти момче ). Со тоа што сте одлучиле да го пуштите крикот од грлото сега можете да дишете со полни гради. Башка, во Пржино сте. Каде, каде, полесно се дише него центарски. Smiley!

Нов културен центар за млади лица во Пржино. КРИКНИ!

Бидете таму!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *