Повик за работен ангажман во Цма Крик

Име: Центар за младински активизам Цма Крик
Адреса: Караџица 6
Тел: ++389 78 370 987
Email: infokrikcenter@gmail.com
Веб: www.krik.org.mk fb page: CYA KRIK
Лице за контакт: Mила Карадафова
email: Karadafova@hotmail.com
Краен рок 02.03.2017 // Работниот ангажман започнува од 06.03.2017

 

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.

Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме 2 нови работни позиции и тоа: технички и логистички асистент и асистенст за дизаjнирање и спроведување младински програми.

Основни информации:

Позиција: Tехнички и логистички асистент ангажиран на пола работно време 20 часа неделно.

 Работни обврски:

  • Технички и логистички да подготви група на млади луѓе за учество на едукативни настани во Македонија и во странство;
  • Да обезбеди техничка и логистичка поддршка при организирање настани и активностите кои се спроведуваат;
  • Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади за подготовка за учество на едукативни настани;
  • Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
  • Да детектира и да пристапи до различни програми за да обезбеди едукативни можности за личен и социјален развој на млади лица со попреченост и без;
  • Директно е вклучен во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
  • Директно е вклучен во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
  • Се грижи за административното и техничко работење и води дата база на документите;
  • Го следи финансиското работење на организацијата;
  • Комуницира со донатори (народни и меѓународни).

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома или релевантно искуство;
  • Компетенции за успешно и професионално подготвување на учесници за учество на едукативни активности во Македонија и странство;
  • Да биде способен/а технички и логистички да организира настани и активности;
  • Да има познавање од едукативните настани од програмата Ерасмус + и техничкото и логистичкото работење на програмата при склопувања партнерства и комуницирање со партнери;
  • Флексибилност при одговарање на менување на потребите на учесниците и извршната канцеларија;
  • Способност да придонесува и работи во тим;
  • Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
  • Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
  • Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
  • Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
  • Да има познавање во работа со донатори (народни и меѓународни);
  • Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик. Познавање на албанскиот јазик се смета за предност.

Работен ангажман: од понеделник до петок од 12:00 до 16:00 часот. Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).

Работен простор: извршна канцеларија на Цма Крик кој се наоѓа во Пржино.

Број на асистенти: 1.

 

Позиција: Асистент за дизајнирање и спроведување младински програми ангажиран на пола работно време 20 часа неделно.

 Работни обврски:

  • Да развие, дизајнира и подготви целосна програма и работна методологија наменета за млади лица со типичен развој и млади лица со попреченост;
  • Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади;
  • Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост;
  • Да детектира и да пристапи до различни целни групи и да ги препознае нивните потреби и предложи програми за нивен развој;
  • Дава поддршка во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи;
  • Дава поддршка и експертиза во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности;
  • Спроведува активности од младинска работа и комуницира со останати партнери (организации) од младинскиот сектор;
  • По потреба, помага во комуникација со донатори (народни и меѓународни).

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома или релевантно искуство;
  • Компетенции за успешно и професионално спроведување на младински програми;
  • Да биде способен/а да претстави, објасни и да го фацилитира процесот на учење кај индивидуалци и групи;
  • Флексибилност при одговарање на менување на потребите на учесниците и извршната канцеларија;
  • Способност да придонесува и работи во тим;
  • Способност да воспостави и одржи ефективни работни односи со луѓе од различни позадини;
  • Да има напредни познавања на проектен менаџмент и менаџирање на младински проекти финансирани од различни донатори;
  • Да има познавања од прибирање финансиски средства за проектните активности и да знае да напише проектна апликација;
  • Да има познавање од младинска работа и младинскиот сектор во Македонија;
  • Да има познавање во работа со донатори (народни и меѓународни);
  • Да го владее (пишуван и разговорен) македонскиот и англискиот јазик. Познавање на албанскиот јазик се смета за предност.

Работен ангажман: од понеделник до петок од 16:00 до 20:00 часот. Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).

Работен простор: младински центар на Цма Крик кој се наоѓа во Пржино.

Број на асистенти: 1.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на вашата кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail. Во subject наведете го името на работната позиција за која аплицирате. 

Краен рок за аплицирање: 02.03.2017

Работниот ангажман започнува на: 06.03.2017

Тест период: 06-20.03.2017

Ангажманот се склучува со времетраење од 3 месеци и можности за продолжување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *