Дојди и ти и направи го твоето младинско катче

Што: Центар за младински активизам Цма Крик објавува повик за учесници кои ќе го опремат и реновираат новиот младински центар во Пржино. Просторот се наоѓа во Пржино и сите активности ќе се одржуваат таму.

Кого: Бараме 20 млади лица на возраст од 16 до 30 години кои сакаат да ни помогнат да го опремиме просторот каде младите луѓе ќе можат да го поминат своето слободно време.

Кога: Просторот ќе се реновира и опремува преку дирекнта работа на 7 различни работилници кои ќе следат во последните две недели од месец февруари. Работилниците  ќе се одржат следниве дати:

Работилница 1 – 15.02.2017 среда од 18:00 до 20:30 часот запознавање на учесниците и мерење на димензии

Работилница 2 – 16.02.2017 четврток од 12:00-16:00 часот фарбање на ѕидови I;

Работилница 3 – 18.02.2017 сабота од 12:00 до 16:00 часот фарбање на ѕидови II;

Работилница 4 – 20.02.2017 понеделник од 12:00 до 16:00 часот монтажа на бироа и шкафчиња;

Работилница 5 – 21.02.2017 вторник од 12:00 до 16:00 часот шмирглање, лепење и боење на палети;

Работилница 6 – 22.02.2017 среда од 12:00 до 16:00 часот полнење на lazy bags;

Работилница 7 – промоција (се работи поделени во тимови) на 23ти и 24ти февруари 2017;

Финален настан-отварање на центарот 27.02.2017 понеделник со почеток од 19:00 часот.

Доколку сакате да ни се приклучите аплицирајте на кратката апликациска форма најдоцна до 14.02.2017 – 13:00 часот. Учесниците ќе бидат известени на 14.02.2017 во текот на денот.

Иницијативата е дел од кампањата “Мрдни со прст” која има за цел подигнување на јавната свест за различните можности за општествени промени кои се во доменот на секој поединец како и да се понудат идеи и можности за придонес кон специфични активности во рамките на заедницата во кои граѓаните можат да се вклучат поединечно но и колективно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *