TC “Young Individuals”

ЦМА Крик објавува повик за учесници на обуката “Young Individuals”  кој ќе се одржи од 20 до 27 февруари 2017 во Вроцлав, Полска.

Име на проектот: “Young Individuals

Носител на проектот: Instytut Kreatywnego Myślenia (Institue of Creative Thinking) – Полска

Партнерски земји: Полска, Македонија, Словачка, Романија, Хрватска, Италија и Литванија.

Број на учесници: тројца (над 18 години).

Главната цел на обуката  “Young Individuals”   е да придонесе за развој на квалитетот на младинската работа. Преку формалното и неформалното учење,учесниците ќе ги надоградат нивните вештини и знаења со активности како што се бура на идеи, работа во групи, симулации, презентации, играње на улоги, дискусии, отворен простор и други методи предложени од страна на искусни тренери.

  • да се запознаат и се разберaат општествените феномени како што се вклучување и исклучување на млади со ограничени можности (маргинализирани), говор на омраза;
  •  да се создаде отворен ресурс промовирање Тренер како алатка за младинска работа;
  •  да научат примери на локално спроведени проекти врз основа на индивидуална поддршка и да се истражуваа мултикултурната димензија на денешна Европа;
  • да се промовира интеркултурно образование со користење на методи на неформално учење.

Профил на учесници:

  • Младински работници, ментори, тренери, фасилитатори;
  • Учесници кои можат да го користат англискиот јазик;
  • Можат да присуствуваат на целиот тренинг;
  • Постари од 18 години;

Начин на аплицирање: Пополнување на апликациската форма Application form_young individuals  и да се испрати на kriksending@gmail.com со назнака Апликација за TC “Young Individuals”

Трошоците за сместување, храна, пат и програма се покриени од организатор.

Патните трошоци се рефундираат во висина до 275 евра.

Партиципација према Крик 600 денари.

Рок за аплицирање: 01.02.2017

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *