ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА РАБОТИЛНИЦА ЗА СЕКСУАЛНО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ: КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ?

Во рамки на кампањата „10 дена активизам“ Y-PEER Македонија заедно со Центар за младински активизам Цма Крик огранизира работилница на тема „Сексуално и репродуктивно здравје: Како да се заштитиме?“. Учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со концептот на сексуалното и репродуктивно здравје и различни видови на контрацепција.

Работилницата ќе се оддржи во ДУЦОР Партенија Зоографски-училиштето за глуви и наглуви во Скопје на 09.12.2016 петок со почеток во 19:00 часот.

Работилницата ќе биде водена од нашите младински работници Софија Стојановска и Даниел Шикоски кои се врснички едукатори кои имаат поминато обука по стандардот на Y peer и прирачникот за врсничка едукација.

Доколку сте заинтересирани аплицирајте со пополнување на кратката форма на следниот ЛИНК

Настанот на фејсбук можете да го најдете на следниот линк