Повик за учесници, лидери на група и фацилитатори за Инклузивни младински кампови

Повик за учесници, лидери на група и фацилитатори за Инклузивни младински кампови

 

Центар за младински активизам заедно со Сојуз на извидници на Македонија го објавува повикот за пријавување на учесници на Инклузивните младински кампови кои ќе се спроведат во летниот период.

Инклузивните младински кампови се кампови каде учесници се млади лица со попреченост и без. Камповите траат 4 дена (3 ноќевања) и се случуваат во Извидничкиот центар Охрид-Ицо. 

Камповите се спроведуваат традиционално уште од 2017 година. Слики од изминатите кампови можете да видите тука: 20202019, 2017 (IIIIII)

Утринскиот дел од програмата се состои од едукативни активности подготвени според потребите на учесниците, додека попладневниот ден од програма се состои од активности на отворено. Сместувањето на учесниците е во шатори.

Една група на еден камп се состои од 30 до 40 учесници. Учесниците работат поделени во групи од 6 лица. Групите се состојат од 1 лидер на група кој има искуство во работа со млади лица со попреченост и без, 3 лица со попреченост и 3 лица со типичен развој.

Со оваа група на учесници работат лица кои се дел од програмскиот тим и тоа: специјален едукатор, социјален работник, фацилитатори, програмски тим за слободни активности и 2 координатори на програмските активности.

Период на реализација 19ти до 22ри август, 2021 година.

Програма на кампот се состои од:

  • Активности за градење на група;
  • Локални и регионални вечери;
  • Активности на отворено (кајакарење, пешачење, стрелаштво, водени лудории, палење на логорски оган, спортски активности и многу други);
  • Работилници каде ќе се користат методите на неформално образование на различни теми;
  • Посети на локалните места во Охрид;
  • Интересни и забавни активности.

Повеќе за камповите можете да видите на следното видео:

За реализација на камповите за летната сезона 2021 година се организираше кампања за прибирање средства како би можело да се обезбеди учество за поголем број на учесници.

Доколку сакате да го поддржите реализирањето на кампот, донирајте на оваа платформа

Возраст на учесниците: 15 до 22 години

За учесници аплицирајте  Тука

 

За лидери на група аплицирајте Тука

Одговорности на лидерите на група:

-Присуство на состаноци за подговка на активностите на кампот пред започнување на кампот

-Грижа за учесниците од групата:

-Да не пропуштат оброк

-Доколку учесниците примаат терапија да се осигура земањето на терапијата

-Учесниците да се навреме пристигнати на сесија

-Поддршка и потсетување за личната хигиена на учесниците

-Пренесување на информации до учесниците на групата

-Да се осигура активно учество на учесниците на програмата на кампот во текот на целиот ден

-Присуство на програмата на кампот

-Спроведување на групни рефлексии со својата група на крајот на денот

-Учество на состанок со фацилитаторот на кампот за евалуација на денот и пренесување на информации од групните рефлексии

-Присуство на евалуациски состанок по завршување на кампот

Потребни квалификации за лидер на група

-Претходно искуство во работа со лица со попреченост и без

-Претходно искуство во спроведување на активности со млади и младинска работа

-Познавање од младинска работа

 

За фацилитатори аплицирајте Тука

Одговорности на фацилитаторите:

-Присуство на состаноци за подговка на активностите на кампот пред започнување на кампот

-Пренесување на информации до учесниците на групата

-Подготовка на работна програма составена од 4 сесии дневно за учесниците на кампот

-Подготовка на планови на сесии за работната програма

-Спроведување на работната програма

-Да се осигура активно учество на учесниците на програмата на кампот во текот на целиот ден

-Спроведување на евалуација со главниот фацилитатор на кампот пред почетокот на работниот ден

-Подготовка на финален извештај за работната програма

-Присуство на евалуациски состанок по завршување на кампот

Потребни квалификации за фацилитатор

-Претходно искуство во работа со лица со попреченост и без

-Претходно искуство во фацилитирање и спроведување на обуки со млади лица

-Познавање од младинска работа

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.

mk_MK