Чекор по чекор до виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус

На 30.10.2020 Центар за младински активизам Крик организираше завршна конференција – „Чекор по чекор до виза за волонтери од Европски Солидарен Корпус“

На конференцијата беа презентирани резултатите од проектот, како и два документи кои беа подготвени со цел олеснување на процесот на аплицирање и добивање на виза за интернационални волонтери:

  1. Документ – Чекор по чекор до виза за волонтери од ESC програмата, во кој секвенцијално се објаснети чекорите и потребните документи за издавање на виза;
  2. Документ со контакт информации од дипломатско-конзуларните претставништва на РС Македонија во странство.

На настанот присуствуваа претставници на младинските организации кои работат или во иднина би сакале да работат со ESC волонтери, претставници на институции и млади лица. Завршната конференција е дел од проектните активности од проектот VISA International System for Advocacy кои ЦМА Крик ги имплементираше поддржани од програмата Еразмус + преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Проектот опфати низа активности кои имаат за цел да го олеснат процесот на извадење на виза за интернационални волонтери.

Публикација – Чекор по чекор до ВИЗА за волонтери од ESC програмата

Публикација – Контакт информации на дипломатско конзуларни преставништа на РМ

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.

mk_MK