ЦМА Крик

Што е ЦМА КРИК?

Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Името е инспирација која произлезе од визијата на оваа организација, која треба да биде гласот на младите кои ќе бидат сослушани и ќе прават промени и придонеси во општеството. Крик се стреми кон поттикнување на поголема партиципација на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целна група која Крик работи со се сите млади луѓе 13-30 исто така и млади луѓе со помалку можности, групи социјално исклучени од општеството и млади лица со сетилна и интелектуална попреченост.

Цели: Развивање на младинска работа, поттикнување на младински активизам и волонтеризам; развивање на комуникациски вештини, поттикнување на критичко размислување и активно слушање, запознавање со ораторство и јавно говорење; поголема вклученост на млади кои се исклучени од општеството преку учество во работилници, настани и обуки; поттикнување на свеста за еко – живеење и развивање на општествена одговорност и активно граѓанство.

Мисија: Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството. Поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.

КРИК и меѓународна соработка: Меѓународна соработка за КРИК е соработка со различни партнерски организации и неформални групи на различни проекти ширум светот. Моментално соработуваме со организации на ниво на Европа најмногу преку Ерасмус + програмата. Меѓународната соработка за КРИК е многу важна бидејки преку таа соработка, добиваме нови знаења, нов начин на работа од пратнерите во други земји и како тие се справуваат со одредени слични проблеми, многу важен дел како бенефит е и младинската мобилност која произлегува од партнерствата.

Младинска работа во КРИК: Младинска работа за КРИК е се што се работи со млади и со нивните проблеми. Бидејки ние сме организација која работи за млади, значи за нас се е младинска работа. Тука ставаме поголем акцент на работата со групи на млади луѓе кои се социјално исклучени од општеството и развивање на младинска работа во тој поглед на долгорочно ниво. Младинската работа која Крик ја спроведува се одвива во просториите на младинскиот центар Крикни кој се наоѓа во Пржино и 3 специјални училишта во Скопје. Младинската работа се спроведува преку долгорочни програми за млади лица кои се дизајнираат согласно потребите на младите. За нас младинска работа е долгорочен процес на кој работиме преку долгорочни работилници, обуки, разни истражувања…

За што се залагаме: КРИК најпрво се залага за развивање на младинската работа и промовирање на вредностите на волонтеризмот. Понатаму, КРИК тежнее кон поттикнување на критичкото размислување и комукациските вештини за добри меѓучовечки односи. Исто така, се залагаме за еднакви можности и поголема вклученост на социјално исклучените групи од општеството во сите сфери. Како последно, ние, членовите на КРИК, алудираме за заштита на природата и животната средина, како и промоција на еко-пријателски и органски начин на живот.

За кого се залагаме: Според она за кое што се залагаме, општо земено, местото во КРИК може да го најде секоја едника од општеството, а особено младите. Поконкретно, се залагаме за луѓето исклучени и заборавени од општеството, ги поддржуваме сите оние кои сакаат да бидат активни во нашите полиња на дејствување, кои сакаат да дадат свој допринес во општеството, но и да се надградат себеси и исто така се залагаме за здрава животна средина и природата.

Образовна поддршка од КРИК: Центарот за младински активизам КРИК од Скопје, во рамките на своите активности нуди континуирана образовна поддршка како дополнување на редовниот систем на формално образование во Република Македонија. Фокусот на образовната поддршка која ја нуди нашата организација е ставен на неформалното образование. Целта на ова е збогатување на веќе постоечките знаења и вештини кај младите луѓе, како и промена на одредени нивни ставови. Самиот метод на работа се состои од интерактивни работилници, каде учесниците може најотворено да ги кажат своите ставови и мислења. Покрај ова, темелните вредности на ваквото работење се меѓусебното разбирање, меѓукултурниот дијалог, толеранцијата и недискриминирачкото однесување. КРИК исто така, им овозможува на младите луѓе развивање на одредени вештини, како што се: вештини за работа во тим, комуникациски вештини, критичо размислување, аргументирано изразување, активно слушање, како и можност за развивање на нивната креативност. Една од најважните компоненти на ваквиот метод на учење е и стекнувањето на нови знаења од најразлични области. КРИК моментално ја продолжува соработката со веќе постоечките партнери (основни и средни училишта од градот Скопје, како и други невладини организации) и планира да ја прошири и интензивира својата област на делување со сите заинтересирани субјекти.

КРИК и младинско учество: Младинско учество во КРИК значи дека со организацијата управуваат млади луѓе, управниот одбор и генералното собрание на КРИК се составени од 100% млади лица. Основани сме од млади луѓе, работиме за млади и со млади луѓе, тоа е младинско учество за КРИК. КРИК како центар за младински активизам во своето работење конкретно бара учество на младите во остварување на целите на организацијата. Во работењето со млади, поголем стимул и дух во работата внесуваат младите кои се двигатели на општеството. Во КРИК може да учествува секој кој се пронаоѓа во целите и мисијата на организацијата и кој е заинтересиран со продолжување на истите т.е покренување на истите на повисоко ниво. Под учество на младите се подразбира учество на лица од 13 до 30 години.КРИК исто така е во соработка со сите младински организации кои се во делокругот на активностите на организацацијата.

Дијалог меѓу заедници: Крик претставува млада организација која е отворена за сите млади без разлика на нивната националност. Активизмот и инклузијата се клучните области преку кои оваа организација настојува да ги охрабри сите млади да се вклучат и заедно да делуваат за подобро општество. Свесни и горди на мултикултурализмот во Македонија членовите на Крик се стремат да го зголемат членството на организацијата со млади од сите заедници со кои заедно би имале поголем импакт врз општеството и би ги оствариле целите на здружението.

Крик на меѓународно ниво: Крик е здружение чии амбиции не запираат во рамките на оваа држава. Водејќи се со интернационалното искуство на членовите ова здружение работи на локално ниво и остварува интернационални партнерства. Засега Крик има склучено неколку интернационални партнерства и работи на проекти на меѓународно ниво кои би се оствариле во блиска иднина.

Што е КРИКНИ?: Крикни е младински центар, кој им овозможува на младите простор да ги споделуваат своите идеи, развиваат нови и меѓусебно да се подучуваат преку разни работилници. Младинскиот центар Крикни работи во согласност мисијата и визијата на КРИК. Нашиот центар е отворен за сите. Можете да дојдете кога сакате, да седнете и да разговарате со нас, да се одморите и да уживате со добро друштво, да ја напишете вашата домашна задача со нашата помош, да го искористите просторот за работа, да реализирате некоја активност итн. Тоа е пријатно и пријателско место каде што секогаш ќе најдете добри луѓе со кои можете да го уживате денот.

Статут на Крик

 

 

 

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.