Здраво млади!
Во рамки на проектот „Пристап до волонтирање“, ЦМА Крик заедно со партнерите спроведува истражување на потребите на младите лица со попреченост и организации кои тековно работат или планираат да работат со волонтери.
Со цел да ги добиеме најпотребните информации, потребни ни се вашите одговори!
*Прашалникот за организации може да го пополнат повеќе лица од истата организација.
„Пристап до волонтирање“ е проект имплементиран со поддршка од Еразмус+ програмата на Европска Унија. Проектниот тим се состои од организациите Бангеранг, Меѓународен сервис, ЦМА Крик и Офенсива, а се спроведува во Италија, Северна Македонија, Романија и Обединето Кралство.