Повик за учество во онлајн работилници на тема Сеопфатно сексуално образование

– ССО е важно за младите да стекнат соодветни вештини за носење одлуки, да се почитуваат себеси и да ги почитуваат другите и да креираат здрави врски без злоупотреба и насилство;

– ССО е важно за младите да добијат информации и знаење кои ќе им помогнат да носат одлуки врз база на информации.

Земајќи ги предвид овие факти, ЦМА Крик во периодот од февруари до мај 2021 ќе имплементира младинска програма на оваа тема. Младинската програма е составена од циклус од 10 работилници на тема „Сеопфатно сексуално образование“, а е наменета за млади лица со попреченост и типичен развој. Онлајн работилниците ќе бидат имплементирани од младински работници кои се сертифицирани за врсничка едукација. Учеството е бесплатно.

#Kаде: Microsoft Teams платформа
#Кога: секој петок, 14:00 часот

Доколку сте заинтересирани да учествувате, Ве молиме пополнете ја следнава апликациска форма. 

Рок за аплицирање: 03.02.2021.

ℹ️ Доколку имате потреба од дополнителни информации, Ве молиме контактирајте не на: kriksending@gmail.com.

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.