Отворен повик за „We Make Democracy!“

ЦМА Крик објавува повик за 5 учесници за проектот „We Make Democracy!“.

Каде: Онлајн платформа (за првата активност), понатамошните активности од проектот ќе се одржат во Швајцарија (најверојатно лето 2021, нема точни дати поради пандемијата).

Кога: Првата активност ќе се одвива онлајн од 26.05-27.05, а за понатамошните активности ќе се одредат датите подоцна.

Проектот „We make democracy 2“ е проект за вклученост и инклузија кој поттикнува активно граѓанство кај младите. Овој проект овозможува алатки и обука за менаџирање на различност и поттикнување инклузија преку врснички размени помеѓу младите и младинските организации од Швајцарија и земјите од Балканот (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Словенија). Проектот е со времетраење од јануари 2021 до крајот на 2022 година.

Проектните резултати се двојни, од една стана овозможување на хоринзонтална соработка меѓу млади и младински организации и ќе биде направена онлајн платформа за зголемување на видливоста на проектот, размените на учесниците и дисеминација на резултати како и интернационални партнерства.

Во рамки на проектот се вклучени онлајн активности но и обука со физичко присуство. Планирани се 1-2 активности годишно кои ќе се реализираат во Швајцарија и една од земјите од Западен Балкан. Сите трошоци поврзани со пат и сместување ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Првата активност, која ќе биде во формат на онлајн работилници, започнува на 26 и 27ми мај со цел запознавање на учесниците, претставување на основните концепти и принципи врз кои проектот ќе се реализира и планирање на активностите во следниот период.

Кој да аплицира?
– Млади од 18-30 години кои се активни во младински организации
– Познавање на англиски јазик
– Искуство во лидерство во група
– Приоритет ќе им биде даден на учесниците кои се соочуваат со специфични бариери за учество. Поради истражување на инклузија и ексклузја, најразновидна можна група е една од целите на организаторите
– Се очекува од учесниците дека имаат време и подготвеност да учествуваат во текот на целиот проект

Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани се охрабруваат да аплицираат со пополнување на формуларот за учество најдоцна до 08.05.2021 до 23:59 на проектот достапен на следниот ЛИНК
Доколку имате дополнителни прашања, чуствувајте се слободно да не контактирате на kriksending@gmail.com

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.

mk_MK