Одлив на мозоци

 ОДЛИВ НА МОЗОЦИ

    Низ историјата, за емиграцијата на македонските граѓани кон поразвиените западни земји може да се забележат неколку „бранови“. Меѓутоа, анализирајќи ја емиграцијата по независноста на Република Северна Македонија, а особено по 2000 година, посебно нотирано е масовното иселување на високообучени и квалификувани млади граѓани. Овој феномен познат како „одлив на мозоци” е прашање кое во последниот период има свои подеми и падови во јавниот дискурс, периодично заземајќи го епитетот на една од главните теми во секојдневните политики случувања во нашата држава.

Како иницијатор на дискусијата за овој предизвик, се јавува граѓанскиот сектор кој алармира за неговата сериозност, итност и трајни последици во македонското општество, кои се сè поболни за граѓаните и за целокупното функционирање на државата. Така, Мрежата за спречување на одливот на мозоци (Мрежата) како прва мрежа нанационално ниво која работи на ова прашање, поддржана од Фондацијата Отворено oпштество Македонија, пристапи кон сеопфатна анализа на јавните политики за „одлив на мозоци“ и креирање на сет на истражувања, анализи и јавни настани, со цел прибирање релевантни податоци од младите луѓе, зголемување на свеста на македонската јавност и застапување пред државните институции и другите релевантни чинители.

    Мрежата за спречување на одливот на мозоци е неформална мрежа составена од 7 граѓански организации кои работат на различни полиња поврзани со развојот на младите, младинските политики и права, како и младинското информирање. Целта на Мрежата е да ја подигне свеста кај институциите и граѓаните за заминувањето на младите од земјата, како и да предлага мерки и решенија за спречување на овој феномен. Членки на Мрежата за спречување на одливот на мозоци се: Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал, Здружение на граѓани Младите можат, Младински сојуз-Крушево, Здружение за дислексија Ајнштајн, Центар за младински активизам КРИК, Центар за мултидисциплинарен развој ЦМР ПРОЦЕС.

Со цел утврдување на нивото на спроведеност на Националната стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовани и стручни кадри 2013 – 2020 (во понатамошниот текст Стратегијата), беше изработен методолошки пристап
со три специфични цели. Првата цел беше да се утврди целокупното ниво на спроведеност на стратегијата. Втората цел беше да се увиди евентуалниот импакт на самите активности предвидени во стратегијата. Последната цел беше да се дадат насоки со препораки за соодветните институции.

Анализа на стратегија Оваа анализа е изготвена во рамки на проектот „Мрежа за спречување на одлив на мозоци” кој е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Преку него ќе се обидеме да ја кренеме свеста на јавноста за проблемот со одливот на мозоци, но и ќе застапуваме мерки и политики пред институциите кои сметаме дека се потребни за да се намали иселувањето. Покрај оваа анализа, проектот опфаќа и реализација на тркалезни маси и изработка на документ за политики кој ќе генерира препораки, како и организација на национална конференција за спречување одлив на мозоци во С. Македонија. Документ за јавна политика

 

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.