ИСТРАЖУВАЊЕ- ДНЕВНИ ЦЕНТРИ, СПЕЦИЈАЛНИ ШКОЛИ И МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА
Ова истражување или мапирање го спроведува Центар за младински активизам ЦМА-Крик, како дел од проектот Младинско учество за СИТЕ!, во рамки на проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“.
Проектот кој го спроведува ЦМА Крик има за цел да придонесе кон создавање на силно, инклузивно општество во кое младите луѓе со и без попреченост целосно учествуваат и придонесуваат во неговото развивање, развивајќи се на лично и социјално ниво.
Проектот се состои од 3 тематски блокови. Првиот блок се состои од истражување/мапирање на граѓански организации и специјални институции на национално ниво. Документот што ќе произлезе од процесот ќе биде споделен со сите релевантни чинители.
Вториот блок се состои од 3 младински програми кои ќе се спроведуваат во 3специјални училишта од Скопје. Програмите вклучуваат едукативни работилници, активности на отворено и неформални дружби на млади со и без попреченост.
Третиот блок содржи мапирање на позитивни приказни на млади со попреченост, кои преку аудиовизуелен материјал ќе бидат прикажани во 8 градови низ Македонија.
Мапирањето на граѓански организации кои нудат услуги за млади и специјални институции се јави како потреба од 6 годишното работење на ЦМА Крик. Генералната слика која се среќава во државата е дека младите со попреченост многу тешко можат да добијат пристап до понудата на младинска работа и активностите кои граѓанските организации ги нудат за млади. Затоа тие се зависни од понудата на активности која доаѓа од 4 специјалните институции (дневни центри, специјални училишта и слично) Преку овој документ, ЦМА Крик цели да ја поттикне соработката помеѓу овие чинители на национално ниво, како би се овозможил пристап на младите со попреченост во овие активности, но и би се подобрил квалитетот на активностите и капацитетите на граѓанските организации за работа со овие лица. Понатаму, преку овие соработки би се зголемила свесноста за унапредување на социјалната инклузија во општеството, но и практичната примена. Проектот „Средиште на младински банки за Западен Балкан и Турција“ е поддржан од Европската комисија, а ги вклучува организациите: Ана и Владе Дивац Фондација – Ana and Vlade Divac Foundation (Србија), Прима асоцијација – Prima Association (Црна Гора), Центар за промена и менаџмент на конфликт – Center for Change and Conflict Management (Албанија), Фондација за волонтирање – Community Volunteers Foundation, како и Младиинфо Интернационал (Македонија).
Целта на проектот е да се поттикнат младите луѓе да делуваат во нивната локална заедница и преку кампањи за застапување да се приближат и вклучат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво. Во рамки на овој проект, како регрантисти, ЦМА Крик го спроведува проектот “Youth Participation for ALL”. Главната цел на проектот е да придонесе кон создавање на силно, инклузивно и демократско општество во кое младите луѓе се целосно вклучени и помагаат во неговиот развој, развивајќи се себе си на лично и социјално ниво.”
Истражување – Дневни центри специјални школи и младински организации во Македонија