Тимот на Крик

 

Мила Карадафова Ангеловска

Мила Карадафова Ангеловска

Извршен директор

Младински работник (29 години) со диплома за бизнис логистика и МБА во областа на стратешкиот менаџмент. Во моментов е запишанА на Системска и семејна психотерапија и на Факултетот за психологија. Мила има искуство во полето на спроведување обуки, младински политики, младинска работа, организациски развој, финансиско и административно управување и спроведување и подготвување на методологии за истражување.

Симона Петровска

Симона Петровска

Директор за финансии

Младински работник (29 години) кој работи со млади лица со попреченост и без на развивање на нивните уметнички вештини. Запишана на архитектура. Надвор од младинските работни активности, Симона работи како директор за финансии и администрација. Таа има искуство во логистика, административно и финансиско управување и младинска работа.

Оливер Андреевски

Оливер Андреевски

Координатор за вмрежување и развој

Младински работник (26 години), дипломиран на етнологија и антропологија. Работи како координатор за локални младински програми и вмрежување. Создава и развива програми за млади. Тој има искуство во обуки, младинска работа, младински политики, вмрежување, организирање настани и истражувања.

Јована Атанасовска

Јована Атанасовска

Координатор за социјални медиуми и комуникација

Младински работник (29 години) овластен дигитален маркетер кој работи со млади луѓе со попреченост и без. Јована работи на промовирање и пласирање на информациите на социјалните медиуми и ја одржува веб-страницата и другите социјални медиуми. Таа има искуство во социјални медиуми, комуникација и младинска работа.

Александра Петкова

Александра Петкова

Координатор на младински програми

Младински работник (30 години), мaгистер по социјална политика. Таа има искуство во истражувања, младинска работа, младински политики и обуки. Александра е ментор на ЕСК волонтерите и го координира процесот на имплементација на младинските програми во специјалните училишта.

Билјана Иванова

Билјана Иванова

Kоординатор на волонтери од Европски Солидарен Корпус

Билјана (23 години) е дипломирана во областа на специјална едукација и рехабилитација. Таа работи како младински работник во спроведувањето на програмите за млади во посебните училишта. Билјана обезбедува засилено менторство и им дава поддршка на младите со попреченост. Таа има искуство со младинска работа и дефектологија.

Константин Карадафов

Константин Карадафов

Координатор за образовна мобилност за млади во Европа

Младински работник (20 години) овластен графички дизајнер кој работи со млади лица со посебни потреби и без нив. Работи како координатор за образовна мобилност за млади во Европа. Поддржува млади луѓе со и без попреченост да учествуваат во различни образовни активности. Тој има искуство во графички дизајн и е одговорен за визуелниот аспект на сите документи и податоци за Крик и младинската работа.

Бојана Кравченко

Бојана Кравченко

Координатор на волонтери

Младински работник (28 години) кој работи со млади лица со попреченост и без нив. Бојана работи како координатор на ЕВС. Таа ја подготвува програмата за работа на ЕВС волонтерите и работи на процесот на развој на нивните капацитети преку ЕВС. Има искуство во младинска работа, обука, поддршка на меѓународни волонтери кои се прилагодуваат на локалното опкружување.

Ирена Крстева

Ирена Крстева

Поранешен вработен како програмски координатор за социјална инклузија. Ирена работеше во Крик од март 2013 година до октомври 2018 година и моментално е дел од Управниот одбор.

Ирена, родена 1991, е дипломиран социјален работник, активна во невладиниот сектор од 2013 година. Нејзиниот главен фокус е работење на вклучување на млади луѓе со помалку можности во општеството преку доставување различни активности за нив. Во Крик започна како волонтер, потоа младински работник, а потоа и Програмски координатор за социјална инклузија.

Елисавета Булоска

Елисавета Булоска

Поранешен вработен за техничка и логистичка поддршка при организирање настани и спроведување активности. Работеше во Крик од март 2017 година до септември 2018 година.

Елисавета Булоска, 1993, одговорна за техничка и логистичка поддршка во ЦМА Крик, која опфаќа обезбедување техничка и логистичка поддршка при организирање настани и спроведување активности, подготовка на млади луѓе за учество на проекти и едукативни настани во Македонија и надвор од неа. Таа е дипломиран психолог. Таа користи холистички пристап со цел да им помогне на луѓето да ја зголемат свеста, самонасочувањето, да добијат мотивација, да гледаат на работите од друга перспектива и да преземат одговорност за своите постапки.

Сања Михајловска

Сања Михајловска

Поранешен координатор за младински програми. Работеше во Крик од септември 2015 година до октомври 2017 година.

Сања Михајловска е дипломирана на Педагошки факултет, активна во граѓанскиот сектор повеќе од една деценија и работи како младински работник / тренер повеќе од 6 години. Нејзиното поле на работа се човековите права и родовата еднаквост. Таа дојде во Крик како волонтер, а потоа работеше како координатор за младински програми.

 

Следете ги новостите!

Претплати сѐ за да бидеш во тек со сите можности за млади.

Никогаш нема да ја дадаме, да тргуваме или да ја продадеме вашата е-маил адреса. Може да направите unsubcribe во секое време.

mk_MK